еМагазин
Image default
Бизнис

„Жито Лукс“ оствари добивка од 16 милиони денари за девет месеци

И покрај отежнатите услови на пазарот, Жито Лукс АД Скопје продолжи да работи профитабилно и во третиот квартал од 2018 година остварувајки добивка од редовно работење пред оданочување од 16 милиони денари за периодот јануари – септември, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Вo третото тромесечие, компанијата бележи приближно исти приходи од продажба како минатата година (намалување за 2%), пришто поизразено е намалувањето на приходите од продажба на странскиот пазар, додека приходите од продажба на домашен пазар стагнираат.

И покрај намалувањето на продажбите, трошоците на произведените производи бележат зголемување за 2%. Зголемените трошоци се резултат на повисоките цени на енергенсите (гас и електрична енергија), како и зголемувањето на цените на некои основни суровини.

Административните трошоци се намалени за 8%, дека трошоците за продажба и маркетинг се на исто ниво како минатата година.

Останатите оперативни приходи се повисоки од минатата година поради еднократен ефект – капитална добивка, додека вредносното усогласување на нетековни и тековни средства и останати оперативни расходи се на исто ниво како лани“, информират од компанијата

Менаџментот на компанијата предвидува повисоки приходи од продажба во последниот квартал од годината како резултат од воведување на новитети и зголемени маркетинг активности.

„И покрај значителното поскапување на производните инпути, компанијата одлучи да остане конкурентна на пазарот и да не го пренесе ефектот врз потрошувачите“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Авицена“ го доби тендерот на Клиниката за ендокринологија за набавка на реагенси вреден 102.500 евра

Редакција

ЗК Пелагонија со добивка во првото полугодие

Редакција

Топ 5 најниски плати

Редакција