еМагазин
ЖИВОТ

Животот на големите уметници покажал дека може да се живее продуктивно и со симптоми на хронична болест

Честопати имаме идеја дека треба да бидеме 100% здрави – во конвенционалното разбирање на зборот, каде што здравјето е еднакво на отсуство на симптоми и секогаш се чувствуваме одлично – за да бидеме успешни и реализирани во светот.

Но, проучувањето на животот на некои од најзабележителните личности во историјата, без разлика дали се научници, уметници, музичари, филозофи, хуманитарци, па дури и спортисти, го докажува спротивното. Овие славни луѓе постигнаа толку високи височини не и покрај нивните предизвици, туку заради нив, пишува на Инстаграм-профилот на kiwi-zdravje.

Авторот Тоби Зауснер, кој ги проучувал животите на познати сликари со хронични болести, открил дека нивните услови „довеле до создавање на нови можности за нивната уметност со кршење стари навики, провоцирање на нерамнотежа и принудување на уметниците да генерираат алтернативни стратегии за да стигнат до нивните креативни цели“. (Извор: Кога sидовите стануваат врата: Креативноста и трансформирачката болест).

Ова не значи дека не треба да се стремиме да ги елиминираме или намалиме симптомите на болест и хронична болка. Туку, тоа сугерира дека сè уште можеме да живееме наградувачки и продуктивен живот, дури и ако не можеме да постигнеме состојба без симптоми или болести.

Овој пост е дел од едукативната платформа „Минута здравје“, која содржи брзи дневни факти базирани на научни сознанија.

Заследете ги на Инстаграм за секојдневни совети и практични информации.

Фото: Photo by tabitha turner on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска облачно и посвежо време, со дожд и грмежи

Редакција

Груевски: „Браво Вардар! Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот“

Редакција

Во недела засилен северен ветер и повремен снег

Редакција