еМагазин
Image default
Македонија

Златев за обвинението за одавање службена тајна: Информациите беа од јавен интерес

За поднесеното обвинение за одавање на службена тајна, на Фејсбук се огласи новинарот Љупчо Златев.

“Почитувани, денес Основното јавно обвинителство објави дека ќе поднесе обвинение затоа што сум објавил злоупотреба во Управата за безбедност и контраразознавање.

Јас објавив дека само поради тоа што еден татко одел на протести против промената на името, синот изгубил безбедносен сертификат и поради тоа изгубил можност да работи во Агенцијата за национална безбедност.

Оваа конструкција на УБК е класичен удар кон политичките слободи на граѓаните, огромен ЈАВЕН ИНТЕРЕС и поради тоа ги објавив документите кои ми ги достави свиркач. Доколку сега добијам слични документи, без да размислувам ќе ги објавам!!! Делото можам да го повторам веднаш, бидејќи слободата и демократијата ми се поважни од било која уредба!

Независно дали злосторникот Заев ќе ми ги прати насилниците на неговиот партнер Сашо Мијалков или ќе ми ги прати обвинителите – јас за она во што верувам подготвен сум ако е потребно и да стојам сам. Правдата ќе ја барам, ако треба и до Стразбур, ако треба и од затвор ќе се борам против ова тоталитарно зло!

Секоја борба, ако е единствено само за правда, правдина, права и вистина е оправдана. Затоа и жртвите се оправдани. Знај, ако си на страна на вистината, без задни намери – венецот ќе го добиеш!“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарот Љупчо Златев обвинет за одавање службена тајна

Фото: Фејсбук/Златев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

357 нови случаи на Ковид-19 од 1.387 тестирања, во Скопје 132

Редакција

Љубомир Јовески: На Мијалков му е врачено решението за домашен притвор, ќе биде спроведен на извршување на мерката

Редакција

Вкупната бројка 1.117: Регистрирани 36 нови заболени од корона вирусот, 22 во Скопје

Редакција