Млад брачен пар на возраст од 32 и 31 година од Волос, Грција, загина во сообраќајка откако се судриле со возило пикап, управувано од 82-годишник, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
Починатите биле на мотор, а 82-годишник беше приведен, па пуштен со кауција. Во полицијата рекол дека не знаел како се случила несреќата.
Откако таткото на момчето дознал за несреќата починал од мозочен удар, а го нашла сестрата на момчето, која претходно го идентификувала телото на нејзиниот брат.
Трагедијата е топ тема во грчките медиуми.
Загинатите имале две деца.
Видео: Мега ТВ/Фото: Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.