Лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари за кој е неизвесно дали ќе остане на таа позиција, имајќи јас предвид инцијативата за негово разрешување, која е на дневен ред на Конгрес на партијата, кој ќе се одржи утре, стана кандидат за претседател на Македонија на АА, а подршка доби и од Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари на Конгрес му ја укина партиската функција на Села
Кој е Арбен Таравари
Роден е во април 1973 година во Гостивар.
Средно медицинско училиште завршил во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998 година.
Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 година ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест.
Говори и турски, англиски и српски јазик.
Таравари е оженет и е татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанската опозиција
Професионална и политичка кариера
На пошироката јавност Таравари и стана познат кога ја доби функцијата министер за здравство во 2017 година.
Во 2016 бил претседател на Одделот на екстрапирамидални болести при Универзитетската клиника за неврологија, а бил член и на Одборот на меѓународните медицински списанија „Медикус“ и „Vox Medici“.
Таравари е невролог со долгогодишно искуство во Универзитетската клиника за неврологија Скопје.
Од 2010 година е редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На локалните избори во 2017 година Таравари за првпат стана градоначалник на Општина Гостивар, а моментално го одработува вториот мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица
Кој е Вело Марковски, кој ќе се кандидира за претседател
Фото: Фејсбук/Таравари