еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Македонија да ги спроведе договорите со Бугарија и Грција, стои во Декларацијата од Самитот ЕУ-Западен Балкан

Во Декларацијата која беше усвоена во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан во делот за Македонија меѓудругото стои дека земјата треба да ги спроведе договорите со Бугарија и Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска во Брисел Самит Европска Унија – Западен Балкан

„Спроведувањето на билатералните договори, меѓу кои Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, останува значајно да се спроведат со добра волја и видливи резултати.

Сѐ уште се неопходни одлучни дополнителни напори за да се поттикнат помирувањето и регионалната стабилност, а исто така и да се пронајдат и да се спроведат конечни, инклузивни и обврзувачки решенија во однос на регионалните и билатералните спорови и прашања меѓу партнерите, вкоренети во наследството од минатото – во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи„, стои меѓудругото во Декларацијата.

Од ЕУ ја повикуваат Македонија и другите кандидати за членство во ЕУ, и „да ги гарантираат правата на припадниците на малцинства и нивниот рамноправен третман“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе го продолжи европскиот пат кога ќе ги усвои уставните измени

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев прогласи победа на Коалицијата „Можеме“: „Поразен лажниот патриотизам“

Редакција

Историска одлука: Европската комисија предложи кандидатски статус за Босна и Херцеговина

Редакција

Игор Трајковски за нападот на „Тајм.мк“: Поврзано е со некој од сајтовите кои ги индексираме

Редакција