еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Минатата недела едно лице од Тетово починало од Ковид-19

Во периодот од 16 до 22. септември е пријавено едно починато лице од Тетово асоцирано со Ковид-19, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Лицето било на возраст над 65 години. Пред три години ја примило втората доза од вакцината против Ковид-19, било со регистрирани коморбидитети и е починато во болнички услови.

Минатата недела се регистрирани 64 случаи на Ковид-19, што е зголемување од 12,3 отсто во споредба со претходната седмица.

Најголем дел од новозаразените, или вкупно 42, се во Скопје, а најголема инциденца е регистрирана во Пехчево.

Новозаболените се од сите возрасни групи, а најголем дел на возраст над 60 години.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Годишната стапка на инфлација во јуни забави и изнесува 3,2%, оценува Народна банка

Редакција

Ахмети стана почесен граѓанин на Тирана

Редакција

По осумчасовна голгота на аеродром, Австралија не му издаде виза на Ѓоковиќ – денеска судење по жалбата

Редакција