Министерство за здравство ќе формира комисија, по барањето на Државниот санитарен и здравствен инспекорат (ДСЗП), а во врска со починатото новороденче од Ресен.
„Мора да направиме штом Испекторатот така мисли. Денес добив краток брифинг и за тоа. Ќе направиме комисија и веднаш да излезат и да констатираат што се случило,“ изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
ДСЗП утврди дека кај новороденчето дијагностициран е респираторен дистрес синдром, а причината поради која настанала смрт 30 часа по раѓањето е затајување на кардио-респираторниот систем (insufitientio cardiorespiratoria).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.