По два месеци лекување откако беше повреден во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, се огласи младиот гитарист на групата ДНК, Горан Тонев од Штип.
Тој е еден од тројцата преживеани од групата.
Се заблагодари на персоналот на болницата „Папаниколау” во Солун, Грција, каде што се лекуваше, за неизмерната грижа и нега која ми ја пружиле, како и на Бог што му дал втора шанса.
-Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје.
Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене.
Моите чувства се измешани, колку што сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца ,а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Здравствената состојба на Панчо се подобрува
Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани
И член на ДНК осомничен за трагедијата во Кочани
Фото: Фејсбук/Тонев