еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија врз Украина го тестираше „орешник“, најнов руски проектил со среден дострел

Русија за првпат во напад на воен објект во Днипро, Украина, го тестираше своето ново оружје – „орешник“, балистички проектил со среден дострел.

Оваа следи откако Украина доби дозвола од САД да користи американски ракети АТАКМС на територија на Русија, а земјата на руска територија веќе користи и британско оружје со долг дострел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Колкава моќ имаат ракетите АТАКМС, за кои САД дозволи Украина да ги користи на територијата на Русија

Информацијата ја потврди рускиот претседател Владимир Путин, кој меѓудругото изјави дека Русија е подготвена на секаков развој на настаните.

„Како одговор на употребата на американски и британски оружја со долг дострел, руските вооружени сили изведоа комбиниран напад врз еден украински воено-индустриски комплекс.

Во борбени услови, ова беше пробно лансирање на еден од најновите руски проектили со среден дострел. Во овој случај, ненуклеарна хиперсонична верзија на балистички проектил. Тестот беше успешен. Метата беше погодена“, рече Путин.

Според него западните држави нема да бидат во можност да пресретнуваат проектили како новоразвиениот „орешник“.

„Овие проектили ја напаѓаат метата со брзина од 2,5-3 километри во секунда“, откри Путин и предупреди дека Русија може да гаѓа воени објекти во секоја држава чии оружје се користат против неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ги истрела првите американски ракети АТАКМС на територија на Русија, тврди Москва

Ако Украина ја нападне Русија со американски проектили, Москва тоа ќе го смета за напад од САД

САД ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, се очекува ескалација на војната

Фото: Руско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почна кампањата за референдумот: Заев го поврза со гласањето за независноста на 8 септември 1991 година

Редакција

Надворешниот долг на Македонија 4,35 милијарди евра

Редакција

Во болница се лекувале 14,8% од заболените со Ковид-19

Редакција