еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

“Северномакедонците би можеле барем да се воздржат ако не можат да ја поддржат Србија“: Реакции за македонското коспонзорството на резолуцијата за Сребреница

Поранешниот министер и прв човек на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин денеска остро реагираше на најавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11. јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година.

„Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за одлучување за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па би можеле барем да се воздржат ако не можат да ја поддржат Србија,“ изјави Вулин и додаде дека Србија била едиствената земја која граничи со Македонија, која никогаш не побарала смена на државното име, историјата, Уставот или официјалниот јазик.

„Кога се викаа Поранешна Југословенска Република Македонија и Скопје, ние ги нарекувавме Македонија. Со нив делевме лекови за време на ковид-пандемијата, им ги дадовме нашите резерви од жито, брашно и шеќер, а Српската православна црква (СПЦ) на Македонската црква ѝ даде независност и име.

Северна Македонија навистина треба да го смени јазикот заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите. Навистина е глупаво да користат речник во кој немаат зборови за чест, благодарност, пријателство, слобода, срам,“ додаде Вулин.

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ исто така реагираше на изјавата на Османи и ја оцени како „дрскост“.

„Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа не повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани,“ изјави Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија коспонзор на резолуцијата во ОН за геноцидот во Сребреница, за која се противи Србија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доминација: Трите најголеми банки со поголем профит од сите останати компании на берзата

Редакција

Пописот ќе се спроведе безбедно и не постои шанса за ширење на вирусот, велат надлежните

Редакција

Убава вест: Оздравени 354 заболени од Ковид-19, во Скопје 198

Редакција