Министерството за образование и наука (МОН) ја смени одлуката за тоа кога ќе заврши годинава учебната година за средношколците.
Според новата, која е барање на Сојузот на средношколци, учебната 2023/2024 година за средношколците ќе заврши на 10. јуни, наместо на 17. јуни, а за основците останува одредбата да учат до 17. јуни.
И едните и другите ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6. мај.
Министерството дополнително ќе носи одлука како ќе се надоместат двата неработни денови за учениците поради одржување на претседателските и парламентарните избори во среда, 24. април, и во среда, 8. мај, и дали тоа ќе влијае на рокот за завршување на учебната година.
Учениците во основните и средните училишта моментално се на зимски распуст. На настава ќе се вратат в понеделник, 22. јануари.