На плоштадот Македонија во Скопје денеска кочанчанец, кој загубил пет другари во пожарот во т.н. дискотека во Кочани се залепи со самолеплива лента за бандера.
Се работи за герила акција, организирана од иницијативата „Support Kocani“, која треба да ја подигне свесноста за повредените во пожарот и дека треба да им се помогне.
View this post on Instagram
„Уште што треба да ни се случи на нас во Кочани за да се освестат дека тој град постои? Толку ли брзо не заборавија?
Пред некој ден си дојдоа деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце.
Ако ништо друго, дај на нив да им помогнеме. Толку ли брзо не заборавивте нас од Кочани. Зошто тој град во овие 30 години никогаш не бил битен?
Дај да биде ова пример, да направиме нешто за овој град“, рече тој меѓудругото, подвлекувајќи дека на едно од повредените деца му требаат ракавици за рацете и нозете, а една ракавица е 1.000 евра.
„Значи, ќе му требаат 4.000 евра. Како што гледаме, државата нема да ги обезбеди тие пари. Да се соберат барем пари за тие деца“, порача тој.
Видео: Скопје 1/фото: еМагазин