еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грција и Бугарија загрижени за случувањата во Македонија, Радев вели нема репреговарање на „францускиот предлог“

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера во Атина, Грција, имаше средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а како што јавија грчките медиуми една од темите на разговор им била и Македонија.

По средбата Радев, ја коментираше изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за репреговарање на т.н. француски предлог и во него да се внесат и барањата на Македонците во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Францускиот предлог може да се измени со додавање на барањата на Македонците во Бугарија, вели Мицкоски

-Очигледно државниот врв на Република Северна Македонија не е подготвен, а познавањето на меѓународното право е неопходно, што очигледно тука недостасува. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имплементира од сите влади, а не да се ревидира, рече Радев за бугарските медиуми.

Според Радев, моделите на бугарскиот Устав и на Македонија биле многу различни. Нивниот ги штител колективните права, а македонскиот ги бранел индивидуалните права.

-Очигледно нема сознанија во однос на европското законодавство дека кога има заклучоци на Советот, донесени со консензус, тие не се предмет на пазарење, туку мора да се спроведат, рече Радев.

Кажа и дека Бугарија секогаш и помагала на Македонија за нејзиниот европски пат.

-Државниот врв на Република Северна Македонија има многу да научи. Ние сме подготвени да помогнеме и секогаш сме ѝ помагале на Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат.

Сепак, овие процеси брзо ја оддалечуваат земјата од евроинтеграциите. Со тоа ги загрижуваат и Бугарија и Грција, бидејќи не можете да бидете членка на НАТО и да сакате да станете членка на ЕУ и да излезете со слични позиции. Важно е Република Северна Македонија да се држи до својот европски пат, рече Радев, кој посочи и дека над 120 илјади граѓани на Македонија имале бугарско државјанство.

-Треба да има елементарно знаење во однос на човековите права, бидејќи во Бугарија не тепаме луѓе кои изразуваат различен идентитет, не пукаме во нивните клубови и не ги палиме, не ги држиме подалеку од никакви позиции во администрацијата, рече Радев.

Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 85% од починатите од Ковид-19 се со претходни заболувања, вели Филипче

Редакција

МВР: Немало закани ниту напад кон полициски службеници во Арачиново, случајот е целосно расчистен

Редакција

Од коронавирусот во Кина починаа 106 лица, заразени околу 4.500

Редакција