Лидерот на владејачката Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, кој до пред извесно време велеше дека не е заинтересиран да биде кандидат за претседател на државата, денеска објави кандидатура за таа позиција.
Тој е кандидат за претседател по предлог на АА, а подршка ќе му даде Европскиот сојуз за промени, кој го сочинуваат Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз.
Кандидатурата треба да биде поднесена со поддршка од 10.000 потписи.
На 18. февруари пак Централното собрание на АА ќе расправа за инцијативата за негово разрешување од лидерското место на партијата, откако тој се скара со претходниот претседател, Зијадин Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Села ќе го менува и Таравари на Конгрес следниот викенд
Фото: Таравари/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.