еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарско МНР ја повикало амбасадорката Руси, заради изјавите на Пендаровски за малтретирањето на македонското малцинство во Бугарија

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска била повикана на средба во тамошното Министерство за надворешни работи, по повод „неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и невистините тврдења од нивна страна за Бугарија.“

Во соопштението на бугарското МНР се вели дека „Бугарија се противи во обидот, билатералните односи на двете земји да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања.“

„Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор. Тоа се прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормален тек на изборниот процес и во амбиент на смиреност, за да може да се спроведат потребните реформи,“ се вели во соопштението на МНР.

Од таму ја повикаа „политичката елита во Македонија да ја покаже потребната политичка зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот од 2022 година и строго да го почитува Договорот за добрососедство на 2017.“

Ваквата реакција се однесува на последната јавна изјава на претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски, кој пред три дена изјави дека „македонското малцинство во Бугарија со децении е малтретирано и поминува низ голгота“.

Фото: Бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милка Тодорова и Владислав Хаџидинев реизбрани за членови на УО на УНИ Банка

Редакција

Судењето на Канческа-Милевска за „Тендери“ повторно одложено, не било готово супервештачењето

Редакција

Според Османи новиот министер Хисен Џемаили не бил вмешан во случајот „Мавровски работници“

Редакција