Израел, како што и најави, рано изутрина го нападна Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светот на работ од Трета светска војна: Израел ќе одговори на нападот на Иран
Како што потврдија израелските власти, нападот бил со беспилотно летало и била нападната иранска воена локација во Исфахан.
На социјалните мрежи и во медиумите се објавени и видеа од нападот, а не за сите може да се потврди дека се автентични.
Iran International has obtained videos in which shots and sirens are heard, amid reports of an Israeli strike in Iran and the activation of air defenses in Isfahan.pic.twitter.com/BwVfukeWfP
— Iran International English (@IranIntl_En) April 19, 2024
Иранската војска соопшти дека биле соборени неколку беспилотни летала и тврди дека нема штета на воената база, а иранските државни медиуми ги отфрлија медиумските извештаи за ракетни напади врз земјата.
-Тоа не беше широк напад, објави денеска новинската агенција Ирна.
Иранската државна телевизија пак информираше дека „биле откриени и погодени повеќе мали летечки објекти на небото над Исфахан“ и дека нема штета.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни централи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Иран го нападна Израел, дали е на повидок нова војна?
Нападот следи по иранските воздушни напади врз Израел минатиот викенд. Иран го нападна Израел со дронови и ракети.
Видео: Твитер/Forbes Breaking News/Фото: Унсплеш