еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Галерија) Непроценливо наследство од 1872: Потребни се средства за реставрирање на црквата Пресвета Богородица во Јелошник

Црковниот одбор на црквата Пресвета Богородица од село Јелошник, во општина Теарце бара финансиска или материјална помош за реставрирање на црквата.

Црквата е осветена 1872 година, а моментално состојба е во крајно загрижувачка ситуација со голем број на оштетувања како од механички така и од хемиски карактер. Конзерваторскиот проект се однесува на ѕидното сликарство во црквата.

„Живописот е во многу ризична состојба. Имајќи предвид дека живописот е изведен во секо техника, влагата го деградира врзивото меѓу пигментите и тие отпаѓаат во вид на прашина. На живописот се воочуваат протекувањата на водата кои го имаат избришано боениот слој.

Поради видливите оштетувања кои се со различни големини, има потенцијална појава на лакуни и изгубен живопис,“ се вели во конзерваторскиот проект за изведување на конзерваторско-реставраторски зафати на ѕидното сликарство.

Марјан Мицевски од Црковниот одбор за еМагазин вели дека од исклучителна важност е црквата да се сочува, бидејќи станува збор за непроценливо културно, историско но пред се духовно наследство.

„Цркавата долго време е оставена на забот на времето. Со должна почит кон нашите предци, свештенослужителите кои биле во оваа црква, но пред се спрема нашиот верен народ имаме обврска да не дозволиме, живописот а со тоа и црквата да ни пропаднат.

Внатре има икони кои се од непроценлива вредност, кои постои опасност да бидат оштетени поради оштетувањата, протекувањата на кровот и изложеноста на различни механички оштетувања. Првичните зафати се планирани за 20 дена, благодарејќи на донациите од дијаспората, и богољубивиот народ.

Се надеваме дека ова ќе биде поттик, да се вклучат што е можно поголем број на верен народ, компании, институции за да се започне со процесот на конзервирање , кој што бара многу финансии ,“ изјави Мицески.

Средствата може да ги уплатите на сметка во Комерцијална банка, со назив МПЦ-ОА Скопје Тетовско-Гостиварска прав епархија Тетово-МЛ, број на сметка 300000003758883, со Цел на дознака: За црква „Пресвета Богородица“ с. Јелошник.

Повеќе информации може да добиете од Црковниот одбор Марјан 078 260 263 Миле 072 274 140.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Командир од тетовската касарна потикнал негова колешка да побара поткуп од 4.000 евра од колега за да стане офицер

Редакција

Собранието ги донесе законите за данокот на солидарност, за додадена вредност и за данок на добивка

Редакција