еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Годинава подршката кај граѓаните за членството во ЕУ на најниско ниво

Во 2023 година, 60% од македонските граѓани ги поддржуваа перспективите на Македонија за членство во Европската унија (ЕУ), што е намалување од 4% во однос на претходната година и го означува најнискиот процент на поддршка до сега, покажуваат истражувањата „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2023)“ и “ЕУ интеграциите во сенка на внатрешните процеси – Анализа на јавното мислење за 2023 година„, кои ги спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

-Само половина од младата популација (18-24 години) го поддржува членството во ЕУ. За 20% од населението членството во ЕУ воопшто не е важно, а 12% од населението е отворено евроскептично.

Резултатите оваа година покажаа дека иако билатерални прашања остануваат отворени, граѓаните продолжуваат да гледаат на преговарачкиот процес како усогласување со законите и стандардите на ЕУ.

Само 24% од испитаниците се согласуваат да се промени Уставот за внесување на бугарското малцинство за да продолжиме со интегративниот процес.

Скоро две третини или 65% од испитаниците сметаат дека измените на Кривичниот законик се донесени за заштита на политичките елити од минати криминални дејствија.

Покрај турбулентниот пат кон неа, Унијата продолжува да биде перцепирана како најголем донатор, економски партнер и сојузник на државата, се дел од наодите од двете истражувања изработени од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер кои беа презентирани денеска во Europe house.

Податоците кои се користени во анализите произлегуваат од анкетно истражување на јавното мислење спроведено во текот на месец ноември 2023 година на примерок од 1.000 испитаници.

Марко Трошановски од ИДСЦС информираше дека од 2014 година до сега, ЕУ има најнизок степен на поддршка која годинава изнесува 60%, но дека сепак мнозинството граѓани ја подржуваат ЕУ.

„Голем дел на овој пад се должи на горчливото искуство на земјата со критериумите што го има за започнување на преговори, кои не секогаш беа објективни. Но, таа перспектива не треба да биде приоритет, туку приоритет треба да биде што нашата земја прави за да се приближи до Унијата.

Треба да се фокусираме на патот кон ЕУ и реформите и тие да ги правиме поради самите себе. Фрустрацијата која што ја чувствуваме не треба да биде аргумент за скршнување од овој пат“, смета тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само 24% од граѓаните се за промена на Уставот за внесување на бугарското малцинство

Бугарија вели дека не се само уставните измени услов за старт на преговорите со ЕУ, Маричиќ негира

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Бастри Бајрами, кој ќе дејствува како независен

Редакција

Нови 4 случаи на Ковид-19 од 2.760 тестирања

Редакција

И Костадинов дојде за панихидата за Мара Бунева во Скопје и “испрати“ честитка од вториот бугарски главен град

Редакција