Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека во моментот во здравствените установи во Скопје се хоспитализирани 22 повредени од пожарот во Кочани, и дека сите биле во стабилна и во добра состојба.
Од нив осум денеска се пуштаат на домашно лекување.
Во моментот осум повредени се лекуваат во Клинички центар, од кои шест на Токсикологија и двајца на Пластична хирургија.
Шест повредени се лекуваат во Старата градска болница, пет во ГОБ 8 Септември и тројца во Систина.
Во странство во моментот се хоспитализирани 91 повреден, а денеска е планирано да се вратат вкупно девет поврдени од Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска.
Во однос на повредените кои се во критична состојба, министерот посочи дека одредени лабораториски иследувања покажуваат подобрување во однос на претходните денови.
„По враќањето на пациентите од странство, мора да се придржуваме до протоколите од кризниот штаб, односно задолжително се вршат токсиколошки анализи и се спроведува 24-часовен надзор,“ рече тој
Фото: МЗ