Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти кандидатите за двете министерски и трите места за заменици министри во техничката влада.
За министер за внатрешни работи е предложен адвокатот и претседател на Комисијата за правни прашања на партијата, Панче Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Панче Тошковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада
За министер за труд и социјална политика е предложен Ѓоко Велковски, раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот на Општина Гази Баба и советник во Советот на Општина Чаир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За дополнителен заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, која е дипломиран економист.
Земјоделскиот инжинер Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се кандидатите за заменици министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада