еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации

Дрин Ахмети, внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, повторно е во фокусот на јавноста откако од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) од Владата побара разрешување на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, како и на сите членови на Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции поради сомневање за незаконско постапување при доделување на пари за проекти во вредност од 81 илјада евра на фирми во сопственост на Дрин Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети незаконски добивал грантови од Фондот за иновации, Антикорупциска бара одговорност

Кои се фирмите?

Станува збор за фирмите “Тор индустрис“, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, која според ДКСК, на спорен конкурс добила околу 32.000 евра за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“ и “Еверест ЏД“, каде е исто така сопственик, која добила 50.000 евра за проектот „Daтa management Efficiency System.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден

Во кои други фирми е присутен

Како што објавија изминативе месеци медиумите, Дрин Ахмети се јавува како сопственик и косопственик и во фирмите „Потам-плант“ (преку “Еверст ЏД“) и „Хелиос плант“.

Со што се занимават фирмите

Дрин Ахмети и стана познат на јавноста со фирмата “Тор индустрис“, која пред неколку месеци беше еден од купувачите на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“.

“Еверест ЏД“ пак работи во областа на градежништвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети на „тапет“ на Антикорупциска за дозволите за хидроцентралата

„Потам-плант“ и „Хелиос плант“ се занимаваат со производство на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Медиумите периодов објавија и дека “Тор индустрис“ и “Еверест ЏД“ вредат околу 8 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации, за кој Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување на грантови на Дрин Ахмети

Кои се членовите на Управниот одбор на Фондот за иновации за кои Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување гранотови на внукот на Ахмети

Фото: Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре од 6 до 20 часот забрана за движење во шумите

Редакција

Филипче: Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Редакција

„Болен бев наставничке“: Урнебесни твитер реакции за „враќањето“ на Мијалков

Редакција