еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Професорката Билјана Ванковска е кандидат за претседател на Македонија на опозициската Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорката Билјана Ванковска е претседателски кандидат на Левица

Која е Ванковска

Родена е во ноември 1959 година во Скопје.

Таа e редовен професор на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ванковска е мајка на три деца.

Образование

Основното образование завршила во училиште „Јан Амос Коменски“, а средно во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“.

Како што стои во нејзината биографија истите ги завршува како првенец на генерацијата, а во 1974 година била носител на наградата „13 Ноември“, доделена од Градот Скопје, во категоријата на ученици.

Предвреме дипломира на Правниот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“, управно-политичка насока, во април 1982 година, во текот на осмиот семестар, односно за 3,5 години со просек 9,20 – како втор студент по успех во генерацијата.

Во 1983 година запишала постдипломските студии на Правниот факултет во Скопје, на насоката за правни и политичко-правни студии. Магистерскиот труд под наслов „Општествено-политичкиот систем на СФРЈ и неговата одбранбена функција со посебен осврт на нејзината институционализација во општината“ го одбранила во ноември 1988 година, и со тоа се стекнала со називот магистер по правни науки во областа на општествено-политичкиот систем на СФРЈ.

Во 1989 година пријавува докторска дисертација на Правниот факултет во Скопје. Докторската теза под наслов „Улогата на вооружените сили во политичкиот систем“ успешно ја одбранила во октомври 1992 година. Со тоа се стекнала со звањето доктор на правни науки.

Одлично ги познава и користи англискиот и јазиците на јужнословенските народи.

Работно искуство

Првото вработување и е во Општинскиот суд Скопје I – Скопје, како судиски приправник во периодот септември 1982 – септември 1983 година.

Во октомври 1983 година станува помлад асистент на Филозофскиот факултет, на тогашната Наставно-научна група за ОНО и ОСЗ (подоцна, Институт за одбрана, односно денешен Институт за безбедност, одбрана и мир), на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во периодот 2001/2002 година работи во Женевскиот центар за демократска контрола врз вооружените сили како сениор/виш соработник, по што се враќа на Филозофскиот факултет во Скопје, каде работи и денеска.

Во октомври 1983 година, станува помлад асистент на Филозофскиот факултет на правната и политичката група предмети (Политички систем, Политичкиот систем во одбраната и Меѓународно воено право).

По магистрирањето во 1988 година, е избрана за асистент.

По докторирањето во октомври 1992 година е избрана за доцент на предметите Политички систем на Република Македонија со основи на човековите права и Одбранбено право на Институтот одбрана.

Вонреден професор по истите предмети станува во 1998 година.

Редовен професор по предметите Политички систем на Република Македонија со основи на човекови права и Одбранбено право станува во.2003 година.

Во 2007 година по вторпат е избрана за редовен професор за научните области: политички системи, меѓународни политички организации, меѓународни односи и историја на дипломатија, меѓународно јавно право, меѓународна безбедност и правото на мирот.

Во својата наставна кариера, освен на матичниот институт, проф. д-р Ванковска предавала и на Институтот за социологија (Политички систем), на Институтот за социјална работа и социјална политика (Политички систем) и на Институтот за родови студии (Родот и правото).

Други активности

Покрај богатата наставна и научноистражувачка работа во изминатите три децении таа била чест учесник во јавните дебати на повеќе нивоа, активист во повеќе иницијативи и организации на цивилното општество во земјата и во странство, коментатор за домашни и странски медиуми и редовен колумнист повеќе од 20 години („Дневник“, „Шпиц“, „Време“, „Пешчаник“ и „Нова Македонија“).

Во сферата на цивилното општество, била ангажирана како раководител на Ресурсниот центар за демократија и безбедност при Институтот Евробалкан – Скопје во периодот 2003 – 2005, во периодот 2005/2007 година била член на Бордот на Македонскиот хелсиншки комитет.

Во периодот 2008 – 2011 година била јавен заговарач (public advocate) на регионалната иницијатива РЕКОМ – Иницијатива за формирање Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и тешките повреди на човековите права од војните на територијата на бивша Југославија 1991-2001. Таа е сè уште активна во рамките на РЕКОМ-мрежата на помирување.

Ванковска била и член на Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, почнувајќи од мај 2006 година, во два мандата.

Учествувала и како експерт во неколку расправи на парламентарните комисии за одбрана во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Вело Марковски, кој ќе се кандидира за претседател

Докторот Вело Марковски прв кандидат за претседател на Македонија

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 455.100 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Редакција

Мицкоски ја прашува власта: Сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа Груевски. Пред кого правите евтин театар?

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во ноември

Редакција