Актуелниот претседател на македонското Собрание и кадар на владејачката ДУИ, Талат Џафери ќе биде технички премиер од 28. јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Талат Џафери ќе биде технички премиер од 28. јануари
Јован Митрески ќе го замени Талат Џафери
Тој доаѓа на оваа функција како резултат на договорот на СДСМ и ДУИ од пред неколку години.
Џафери по соопштувањето на одлуката најави дека функцијата на која ќе биде 100 дена, ќе ја извршувал одговорно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер од 28. јануари
Какво образование има?
Во периодот од 1969 до1977 година завршил основно образование во училиштето “Përparimi” во Чегране, Гостивар.
Од 1977 до1981 година завршил средно образование во Воената гимназија во Белград, Србија.
Во периодот од 1981 до 1985 година завршил Воена академија за копнена војска на ЈНА, смер пешадија во Белград и Сараево, Босна и Херцеговина.
Од 1996 до 1998 година завршил постдиопломски студии на Воената академија “Генерал Михајло Апостолски” во Скопје.
Од 2013 година е магистар по одбрана.
Политичка кариера
За време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери беше висок офицер на АРМ и командуваше со единиците во тетовската касарна.
Кон крајот на април таа година тој дезертираше од АРМ и се приклучи на терористичката УЧК, па е познат и како „командат Форина“.
Пред да работи во АРМ во периодот од 1985 до 1991 година беше офицер во ЈНА. Во АРМ беше во периодот од 1992 до 2001 година.
Од 2002 до 2004 година беше пратеник на ДУИ.
Во периодот од 2004 до 2006 година беше заменик министер за одбрана.
Од 2008 до 2013 година повторно е пратеник во два мандати.
Во периодот од 2013 до 2014 година беше и министер за одбрана.
И повторно станува пратеник во периодот од 2014 до 2016 година.
На 27. април кога се случи упадот во македонското Собрание, тој беше избран за претседател на Собранието. Опзициската ВМРО-ДПМНЕ го оспори неговиот избор, бидејќи бил прекршен деловникот за работа на Собранието.
Има две деца
Џафери има две деца, а во фокусот на јавноста пред неколку месеци беше неговиот син, кој положил правосуден испит пред да заврши факултет, а на крај истиот стана обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на Џафери и сопругата на Абази станаа обвинители
Фото: Собрание