еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонците во Германија бараат од Европа да ги заштити нивните права, и најавуваат тужба за државата поради пасошите

„Централен совет на Македонците во Германија“ со седиште во Берлин, најавува тужба против македонската држава доколку до 23. февруари не ја преиначи одлуката за важноста за пасошите со старото уставно име и не се обезбеди брзо издавање на нови пасоши.

Од таму потенцираат дека со прогласување на важечки пасоши за неважечки без да се има доволен капацитет за издавање нови пасоши, создало огромни проблеми со кои се прекршуваат основните човекови права на македонските граѓани.

Затоа, оттаму бараат македонската влада да ја повлече својата одлука за поништување на важечките пасоши најдоцна до 23. февруари 2024 година и да преземе итни мерки за да обезбеди брзо и ефикасно издавање на пасоши.

„Ова е единствениот начин веднаш да ги вратиме основните права на нашите граѓани, во спротива го задржуваме правото да преземеме правни дејствија за спроведување на правата на нашите граѓани на суд.

На овие луѓе со еден удар им беше одземена слободата на патување и движење, што зафати голем број на судбини не само во Македонија, туку и во Германија и во светот. Многу од нив веќе не можат да работат надгранично, да патуваат во други земји на деловен план или да се вратат во Германија од Македонија,“ се вели во соопштението.

Здружението на Македонците во Германија писмото го испратило и до германскиот канцелар, Олаф Шолц, како и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен со очекување и тие да преземат итни чекори за заштита на човековите права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи да дели пасоши на шалтерот во МРТВ, а не во Минхен

Фотографија со Џафери, Маричиќ и Османи од Брисел – хит на социјалните мрежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги верификуваше мандатите на новите шест пратеници

Редакција

Двајца пратеници позитивни на Ковид-19, се уште не знае колкумина ќе одат во самоизолација поради контакт со нив

Редакција

Кој сѐ ќе оди со Силјановска во Рим и Ватикан

Редакција