еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски најпопуларен политичар, втор Ахмети, трет Димитриевски

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и новиот македонски премиер Христијан Мицкоски има најголема доверба од граѓаните покажува анкета на Институтот за политички истражувања (ИПИС).

Тој има доверба од 27,8% од испитаниците, втор е лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети со 8,4%, трет е лидерот на владејачката ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски со 4,8%, следи лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, со 3,3%, па поранешниот македонски претседател, Стево Пендаровски со  2,5%, поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски со 2,3 %, лидерот на владејачката Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами со 2,2%, колку што има и лидерот на владејачката Демократско движење, Изет Меџити, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, има доверба од 1,8%, колку што имаат и поранешните македонски премиери, Димитар Ковачевски и Зоран Заев, а довербата во поранешниот македонски премиер Никола Груевски е 0,9%.

Во ниту еден политичар не веруваат 25,9% од анкетираните.

Анкетата е спроведена телефонски на примерок на 1.089 полнолетни испитаници во периодот помеѓу 18 и 21 јуни 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Премиерот Мицкоски приватно

Кој е Христијан Мицкоски, новиот македонски премиер

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на угостителски услуги зголемени за 9,9% во однос на лани

Редакција

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија ќе го бојкотираат Советот на ОБСЕ

Редакција

Прифатена гаранција од 192 илјади евра: Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Редакција