Од Институтот за јавно здравје информираат дека заклучно со 8. февруари во Македонија се регистрирани 22 случаи на голема кашлица.
-Тоа претставува повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени, во однос изминатиот петгодишен период (2019-2022 година) кога се регистрирани вкупно 9 случаи.
Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 16 (73%) во осум различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.
Во однос на возрасната дистрибуцијата, заболените лица се на возраст од 1 месец до 23,5 години (медијана 2,5 години).
Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 9 случаи (40,9%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (36,4%) се деца на возраст од 1 до 4 години, велат од таму.
Во однос на вакциналниот статус, 18 лица (82%) од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Два случаи се комплетно вакцинирани за возраста, за два случаи вакциналниот статус е непознат.
-Од заболените, 16 лица биле хоспитализирани (72,7%), и тоа 14 од нив на возраст до 4 години. Најголем број од случаите (10) се хоспитализирани во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај деца во Козле, велат од ИЈЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?
Четири нови случаи на голема кашлица, бројката се зголеми на 22
Фото: МЗ