Црвениот крст на Македонија ги повикува македонските граѓани и правни субјекти да донираат средства за настраданото население од интензивните врнежи во Босна и Херцеговина.
Воедно информира дека од своите резерви издови 10.000 евра првична помош и стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина. Согласно утврдените потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.
Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
За донации на средства во странска валута:
Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonian
Bank name: Komercijalna banka AD Skopje
Bank address: ul. Orce Nikolov No 3, 1000 Skopje, Macedonia
Bank account: 300000000000133 25730522-11
SWIFT: KOBSMK2X
IBAN: MK07300701000001228
„Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите. Интензивните врнежи од дожд кои зафатија делови од БиХ предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети.
Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати.
Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка,“ наведува Црвениот крст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Апокалиптични сцени од БиХ: Најмалку 19 загинати и 40 исчезнати во поплавите
Фото: Х/United Nations BiH