Турција вчера му одреди 40-дневен екстрадициски притвор на Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Тоа значи дека тој ќе биде испорачан во Македонија за повеќе од еден месец, а колку точно ќе трае таа процедура, најмногу ќе зависи од самиот Палевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?
Како што пренесуваат турските медиуми, моментално турските власти ги испитуваат неговите контакти во Турција и зошто се одлучил да избега токму таму.
За да Палевски биде екстрадиран во Македонија, прво ќе одлучува локалниот Основен кривичен суд, потоа Судот за тешки кривични дела, а за одлуките Палевски ќе има право на жалба. На крај конечната одлука, на политичко ниво, може да ја донесе и тамошниот Советот на министри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако нема докази за убиствата, Палевски тешко ќе биде екстрадиран во Македонија?
Локалниот суд проверува дали тој е државјанин на Турција или не е, дали делото е извршено на територија на Турција или не, дали делото застарело или не, дали според законите во Македонија за оваа дело е предвидено амнестија…, а потоа Судот за тешки кривични дела одлучува за екстрадицијата, а за таа одлука Палевски има право на жалба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?
Тој пак може да каже дека безбедноста во Македонија му е загрозена и со тоа да ја развлече процедурата, но тоа треба да го докаже.
Исто така, бидејќи е претседател на партијата „Десна“, и бидејќи не е сослушан за убиствата, бидејќи беше недостапен за македонските власти, може да каже дека станува збор и за монтиран политички случај, но и тоа треба да го докаже.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана
(Фото) Телма открива каде била закопана убиената Вања
Фото: Фејсбук/Палевски