Пред престојните парламентарни и претседателски избори, кумановското Основно јавно обвинителство (ОЈО) поднесе обвинение за градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој е кандидат за претседател на Македонија на партијата ЗНАМ – За наша Македонија, на која е претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Максим Димитриевски, кандидат за претседател на Македонија на ЗНАМ
Обвинението е за злоупотреба на службената положба и овластување, а го поднел обвинителот од ОЈО Куманово, Иса Сулјемани.
Истото се заснова на две кривични пријави поднесени од две фирми кои го пријавиле дека не им издал градежна дозвола, односно да платат комуналии за изградба на зграда според важечки детален урбанистички план.
Со тоа, како што објави телевизијата Телма, Димитриевски им нанел штета од околу 55.000 евра.
Станува збор за фирмите „Де лукс ауто“ и „Хромак“.
Откако беше објавена информацијата за обвинението, Димитриевски на прес-конференција кажа дека власта преку неосновани кривични пријави за наводна злоупотреба на службена положба и овластување се обидува да го дискредитира и девалвира во очите на јавноста пред претстојните претседателски избори.
Рече дека во врска со случајот за кој е обвинет постои стручно мислење од експерти кое Сулејмани не го зел предвид и дека во случајот тој постапувал целосно пристрасно и своеволно поднел обвинителен поднесок против него до Кривичниот суд во Куманово, иако, како што кажа Димитриевски, неговиот адвокатски тим побарал да биде изземен од предметот.
„Во овој случај постои стручно мислење од еминентни стручни лица кои што го потврдиле јавниот интерес и истата постапка е во тек.
Дополнително, во континуитет врз мене се вршат различни форми на притисок и различни обиди за да се издејствува да се обезбеди градежна дозвола.
Тоа е глобален случај, каде за жал има инволвирано и лица, носители на највисоко ниво на функции во државата, а дополнително и лица кои што одлучуваат во работењето на Уставниот суд“, рече меѓудругото Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Максим Димитриевски трет кандидат кој собра 10.000 потписи за претседателска кандидатура
Каков имот пријавил Максим Димитриевски, кандидат за претседател на државата на ЗНАМ
Максим Димитриевски за првпат зборува за приватниот живот: Сопругата Надица ми е коректор
Фото/видео: ЗНАМ