еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Препораки за одредени категории на граѓани поради топлотниот бран

Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата усвои препораки, мерки и превенција за заштита.

„Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток).

Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот,“ се вели во соопштението на Владата.

Воедно, на владина седница се донела и одлука во детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Носете вода и лесна облека, разладувајте се: Препораки за заштита од топлотниот бран

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Редакција

(Видео) Директорот на Бирото за метрологија мислел дека метрологијата e наука за времето и временската прогноза

Редакција

Кумановската „Делукс-ауто“ го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на лимузина вредна 30.000 евра

Редакција