На поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петта управа, Горан Грујовски, кој е во бегство и на шефот на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, денеска во Кривичниот суд Скопје за случајот „Трезор“, им беше изречена ослободителна пресуда.
Поради апсолутна застареност постапката запре против поранешниот помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стајковиќ.
Во случајот кој го отвори поранешното Специјално јкавно обвинителство, се работи за злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Според судијката Имране Селмани, која ја ја изрече пресудата, тие се ослободуваат од обвинение, бидејќи јавниот обвинител не докажал дека го сториле делото за кое се обвинуваат.
Ова беше повторено судење за „Трезор“, откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.
Мијалков во првото судење доби осум години затвор, Грујевски, 15 години, а Стајковиќ и Јакимовски добија затворски казни од по пет години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се продава шума и градежно земјиште на Мијалков за над 2 милиони евра