Од Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза информираат дека Надзорниот одбор донел одлука за продажба на недвижен имот на Друштвото на Лидл Северна Македонија, кој се наоѓа во скопската општина Гази Баба.
Вредноста на зделката е 9.564.485 евра без вклучен ДДВ (или 588.911.166 денари без вклучен ДДВ).
Во релативен износ тоа преставува 19,30% во однос на вредноста на имотот на Друштвото, односно 25,04% од вредноста на капиталот и резервите на Друштвото, определени врз основа на последните финансиски извештаи на Скопски пазар.
Станува збор за објектот каде што до неодамна беше сместен продажниот салон на „Бриколаж“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка
Колку пари за плати и надоместоци му се исплатени на менаџментот на Скопски пазар лани
Ќе го отвори ли “Лидл“ првиот маркет во Битола?