Основниот јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски на денешната прес конфиренција рече дека сите инволвирани во случајот со киднапирањето и убивањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес се идентификувани.
Против три лица е побарана и определена мерка притвор од 48 часа, затоа што сè уште во тек е обработката на податоците кои се од материјална природа.
Денеска или утре се очекуваат наоди од обдукција и од сите оние преземени биолошки траги, активностите кои се преземени и се докажуваат со соодветни вештачења.
„Во просториите на ОЈО тројцата од сите петмина инволвирани за кои постојат основи на сомнение во овој момент дека се извршители на овие кривично-правни дејствија имаме признание за целокупниот нивни ангажман, текот на настанот, кој какви дејствија презел и кој со што и зошто бил задолжен во текот на сите овие активности преземени од нивна страна.
Имаат извршено и две кривични дела убиство кои се квалификувани облици на кривични дела заради поврзаноста на едното и другото кривично дело со сторителите кои се исти и за првото и за второто кривично дело.
Тоа добива најтешка можна квалификација од Кривичниот законик и се казнува со најтешка казна што може да се изрече во Република Северна Македонија“, појасни Бубевски.
Во однос на мотивот, Бубевски вели дека е користољубие, но само при грабнувањето, потоа се работи за чисто убиство.
„Едното е убиство на малолетно лице, кое исто така е квалификуван облик на убиство и за кое се казнува најстрого.
Вкупните дејствија се квалификуваат како едно кривично дело убиство од последниот став од Кривичниот законик и тука нема веќе дилема што може да се очекува за сторителите на овој грозоморен чин“, вели Бубевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вања била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата ѝ биле врзани рацете и нозете
Дали е татко на Вања инволвиран во нејзиното грабнување? Тој негира
Фото: Унсплеш