Во Атина, Грција, денеска на шест годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа започна Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, која ја организираат поранешниот македонски премиер Зоран Заев и неговата „Фондација Заев“ и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и неговиот „Институтот Алексис Ципрас“.
Конференцијата ќе трае и утре, а денеска на истата се обрати и поранешниот министер за здравство и кандидат за нов претседател на СДСМ, Венко Филипче.
Во Атина е и медијаторот во разговорите за името Метју Нимиц, кој ќе добие „Наградата од Преспа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Заев и Ципрас му ја дадоа првата награда за мир “Преспа“ на Нимиц
Од Македонија на Конференцијата ќе учестувуваат и поранешниот премиер Владо Бучковски и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
На истата ќе учествуваат и специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, поранешните премиери на Шведска и Грција, Стефан Лофвен и Јоргос Папандреу, поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шолц, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, градоначалниците на Атина и Истанбул…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис нема да присуствува на Конференцијата.
Фото: Заев/Фејсбук