еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Франција го доби првиот геј премиер

Социјалистот Габриел Атал (34) е новиот француски премиер, кој доаѓа на местото на Елизабет Борн.

Тој е најмладиот и првиот отворено геј премиер на Франција.

Атал е актуелен министер за образование, а политичката кариера ја започнал пред десетина години како советник во Министерството за здравство и како активен член на социјалистите.

Тој е син на Иво Атал, адвокат и филмски продуцент со туниско-еврејско потекло, кој почина во 2015 година, и Мари де Курис, која потекнува од православно христијанско семејство од Одеса.

Атал себе си се преставува како Евреин.

Пораснал во Париз со три помали сестри, се школувал во приватно училиште, а по дипломирањето влегол во престижниот париски Институт за политички науки. Магистрирал јавни работи.

Фото: Фејсбук/Атал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската економија годинава ќе падне за 10%

Редакција

Трагедија во Гостивар, една жена е убиена, а две лица се повредени

Редакција

(Видео) Како изгледаше акцијата на косовските специјалци што ги зовре односите меѓу Србија и Косово?

Редакција