еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

2 лица имале претходни заболувања, детали за новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Вчера во Македонија беше соопштено за четири нови случаи на починати поради компликации од коронавирусот, со што вкупниот број на починати од вирусот се зголеми на 77.

“На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово“, информираа од Министерството за здравство.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Кај сите случаи биле присутни симптоми, а два од случаите биле хоспитализирани.

Коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.) се регистрирани кај две починати лица.

Сите случаи се без историја на патување, а два од нив имале контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

79,8% од излекуваните од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Во Македонија за прв пат повеќе излекувани, отколку заболени од коронавирусот

(Мапа) Во Куманово на 100 илјади жители, 272,6 заболени од коронавирусот, каква е состојбата по градови

Најмногу над 60 години, 9 со претходни заболувања, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација му ја намали казната на сопственикот на порталот „ДоказМ“

Редакција

Кои се петте највисоки нето плати во декември

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 622 пациенти болни и сомнителни на Ковид-19

Редакција