еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

23 затвореници се во бегство од затворот во Струмица

Новоименуваниот в.д. директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, Зоран Ристов, денеска информираше дека во моментов во бегство се 23 затвореници.

Во своето видео-обраќање за затекнати состојби, тој вели дека во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите „Јас стојам зад тоа’’.

„Ваквите процеси во претстојниов период уредно ќе се истражат. Оваа пракса во КПУ Затвор Струмица завршува и одговорност мора да следува. Прва моја задача е се врати достоинството и работниот имунитет на вработените,“ изјави Ристов.

Тој посочува дека, согласно Законот за извршување на санкции и куќен ред, КПУ Затвор Струмица ќе го врати нормалниот процес на ресоцијализација на осудените лица и најавува носење на годишен план за работа за подобрување на стандардот на затворениците во делот на услови за живот и работа.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Следете во живо) На Табановце и Богородица се чека до половина час

Редакција

Пендаровски – Левиц: Македонија припаѓа на Европската Унија

Редакција

Иван Туџаров префрли акции од Реплек на Никола Туџаров

Редакција