Вчера во Македонија се регистрирани 44 нови случаи со заболени со коронавирусот, во 7 градови.
“Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово.
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години (13), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 28 женски и 16 машки лица.
Хоспитализирани се 13 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема нови испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV2.
Кај 11 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 24 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а 7 лица имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 392 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 44 или 11,2% од тестираните.
Регистрирани се два смртни случаи од COVID-19. Се работи за пациент на 46 и 78 години, од Куманово и Дебар.
Кај починатиот од Дебар симптомите започнале на 23.03.2020 година, хоспитализиран е на КИБФС на 27.03.2020. Имал контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Кај починатиот од Куманово симптомите започнале на 25.03.2020 година, хоспитализиран е на КИБФС на 30.03.2020. Кај двете починати лица, присутни се коморбидитети“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот
35 случаи на здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница
Расте бројот на заболени со коронавирусот во Карпош, како изгледа мапата по скопските општини
Куманово и Дебар со ист број заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по градови