еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

25-годишен Велешанец повеќе од една година продавал за сексуални услуги 14-годишно девојче

Дваесет и петгодишен велешанец преку „Инстаграм“ запознал четиринаесетгодишно девојче, кое под закани и уцени, го принудувал да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес, на средби со други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци и во таква состојба вршеле полови дејствија врз девојчето иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

По спроведена истрага за случајот приведени се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.

Приведените се на возраст од 25 до 32 години. Четворица од нив се од Велес, а еден од Тетово.

– Имено, С.Д. (25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал.

Тој им овозможил на Д. С. (32) од Тетово, Д. Н. (25), Т. И. (22) и К. Т. (24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал, се наведува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со дрога и алкохол сексуално се иживувале врз 14-годишното девојче: Детали од Обвинителството за петте приведени лица од Велес и Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење, тврдат од Европска комисија

Редакција

Мртов е пронајден исчезнатиот 85-годишен Томе Божиновски по кој се трагаше неколку дена

Редакција

Косово конечно ќе добие Влада

Редакција