еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

25 македонски државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50

Од аеродромот во Кабул 25 наши државјани треба да заминат со американски воен авион, а се очекува евакуација на уште 50 наши граѓани од Авганистан, каде што во изминативе 72 часа безбедносната состојба нагло се влоши, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авганистан по 20 години повторно под власт на талибанците

– Од околу 50 граѓани кои утрово беа на аеродрмот во Кабул, половина или 25 се наоѓаат веќе на воениот терминал и се регистрирани за следниот лет со воен авион на американската армија и ќе бидат упатени за Доха, Катар, од каде нивниот пат за враќање дома е неспорен.

Останатите околу 25 наши граѓани се упатени на следниот лет и во моментов работиме за нивна регистрација и потоа евакуација директно од аеродромот во Кабул.

Располагаме со информација за уште 25 граѓани, кои се наоѓаат во американската база во Кабул, која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот. Тие се безбедни и во моментов се на листа на чекање за да бидат трансферирани кон аеродромот и потоа евакуирани.

Во моментов не располагаме со информација за други наши граѓани во Авганистан и досега немаме ниту еден пријавен државјанин кој се наоѓа во загрозена состојба. Секако продолжуваме и натаму внимателно да ја следиме состојбата во Авганистан, рече Османи.

Република Северна Македонија уште во јули месец го повлече сиот воен, дипломатски и цивилен персонал и во моментов нема свои преставници во Авганистан.

Уште во саботата во МНР е формирана работна група која работи на евакуација на наши државјани кои се работно ангажирани во Авганистан, и се користат повеќе опции за за асистенција на нашите граѓани затекнати во земјата.

Воспоставен е контакт со компаниите од кои се работно ангажирани, испратени се формални барања до сите земји кои имаат присуство во Авганистан за нивна асистенција при евентуални летови за евакуација, за што од голем број земји е потврдно одговорено дека ќе будат земени предвид нашите барања. Османи рече дека воспоставил директни контакти со колегите од Турција, Катар, како и со САД.

Изминативе 72 часа безбедносната состојба во Авганистан нагло се влоши, и освен воените бази под контрола на САД и НАТО сојузниците меѓу кои и аеродромот во Кабул, целата територија со се главниот град во моментот се или под управа на новата талибанска власт или се без соодветна контрола. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Талибанците влегоа во Кабул и тврдат дека цел Авганистан е под нивна контрола, претседателот избега

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За „Монструм“ било предупредувано, знаеле советник на претседателот и „Радникот“

Редакција

(Видео) Симпатизери на бугарската партија “Преордба“ која има 37 пратеници ја вандализираа зградата на Европската комисија во Софија

Редакција

Уште пет деца и еден возрасен со клиничка слика на мали сипаници

Редакција