Во Македонија според последните податоци, објавени вчера бројот на заразени со коронавирусот изнесува 854.
“Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,9%), кашлица (57,8%), слабост (34,2%), треска (18,9%), болка во грло (15,3%),
отежнато дишење (15,0%) и главоболка (12,3%).
Кај 261 или 30,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно податоци до 12.април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај 76,4% од починатите од Ковид-19 во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби
121 здравствени работници заразени со Ковид-19 во Македонија
(Табела) 38 починати од Ковид-19 во Македонија, најмногу во Куманово