Според последните податоци на Министерството за здравство, заклучно вчера, во Македонија се регистрирани вкупно 5.196 случаи на заразени со корона вирусот.
“Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (62,2%), кашлица (44,9%), малаксаност (41,9%), треска (17,0%), главоболка (14,1%), болка во грло (13,5%) и отежнато дишење (12,6%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=4.936; 96,7%), кај 1.599 или 32,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од нив, 1.073 или 67,1% имале контакт со веќе потврден случај во државата„, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 20. јуни, која еМагазин редовно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според ризикот на ширење на Ковид-19, Скопје и Тетово во 4. фаза, Штип, Ресен и Куманово во трета
80,8 од починатите од корона вирусот во Македонија имале претходни заболувања