Според последните податоци во Македонија, објавени вчера, се регистрирани вкупно 1.723 заразени со коронавирусот.
„Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,3%), кашлица (54,5%), малаксаност (37,4%), треска (19,6%), главоболка (15,3%), болка во грло (14,8%) и отежнато дишење (14,5%).
Кај 565 или 32,8% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од нив, 416 или 73,6% имале контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, со податоци до 13. мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
135 лица до 19 години во Македонија заразени со коронавирусот, просечната возраст 46
10 лица од новозаразените со коронавирусот со претходни заболувања
Фото: Факултет за ветеринарна медицина