Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија се регистрирани вкупно 2.164 заразени со корона вирусот.
“Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,7%), кашлица (52,5%), малаксаност (39,3%), треска (19,3%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (15%) и болка во грло (14,4%).
Кај 692 или 32% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од нив, 513 или 74,1% имале контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе починати мажи: Смртност и корона вирусот во Македонија
Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите
Фото: Кабинет на претседателот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.