еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

34 заболени од голема кашлица, во Скопје веќе е прогласена епидемија

Во Македонија досега се регистрирани 34 заболени од голема кашлица (пертусис), а во Скопје веќе е прогласена епидемија, информираше денеска министерот за здравство, Илир Демири.

Тој апелираше на вакцинација на децата за пертусис.

„Од Центарот за јавно здравје Скопје е прогласена епидемија. Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис.

Јас ќе ја искористам оваа можност да се обратам уште еднаш на сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца – најголемо достигнување на здравствениот систем е вакцинацијата, затоа ги замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца.

Сите деца прво треба да се вакцинирани, па да одат во градинка. Тоа беше и еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести“, рече Демири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број заболени со голема кашлица се деца на возраст под 1 година

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв пат во Македонија поставена протеза која заменува дел од ногата и целиот зглоб

Редакција

Македонците кои имаат бугарски пасош на фиктивни адреси ќе треба да платат прекршочна глоба?

Редакција

Сомнителниот пациент од Италија тестиран на Инфективната клиника во Скопје нема корона вирус

Редакција