еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

40-годишен маж од Скопје ја убил мајка му и баба му

Двојно убиство се счучило денеска во скопската населба Карпош на улица „Рузвелтова“. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи за МИА, М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.

– Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за жител на Кочани кој се заканувал преку „Фејсбук“

Редакција

„Многу трпев влијание од страна на политичките партии, за сите одлуки,“ изјави Јанева на судењето за „Рекет“

Редакција

Велигденско послание на г.г. Стефан и Синодот на МПЦ-ОА: Патот кон обновувањето на нашата падната човечка природа почнува со покајанието, проследено со богољубие и човекољубие

Редакција