Заклучно со 15 август во Македонија се регистрирани 5.560 смртни случаи (Лт = 3,4%), стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за состојбата со Ковид-19 во земјава.
Според последните податоци на Министерството за здравство, заклучно со вчера поради компликации од Ковид-19 во Македонија починаа вкупно 5.574 лица.
„Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=293).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=4.574), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.193,4/100.000 жители.
Регистрирани се 3.434 смртни случаи кај лица од машки и 2.126 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 4.092 (73,6% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.267), дијабет (n=1.390) и белодробна болест (n=609)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу новозаболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од 20-29 години
(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Гостивар
За една недела 51 лице починало од Ковид-19, најмногу во Тетово, 15
Фото: МЗ/графикон: ИЈЗ