еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

80% од починатите од Ковид-19 биле невакцинирани

Смртноста од Ковид-19 кај невакцинираните граѓани е драстично поголема, покажува анализата на Министерство за здравство за периодот од 6.08 до 18.11.2021 година.

„На територија на државата од вкупниот број починати, 80% биле невакцинирани, а 20% од починатите примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

69% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нов „колеж“ на шума на Водно

Редакција

Во август во Македонија 112 случаи на Ковид-19 и едно починато лице

Редакција

Знаете ли кога и каде е формирана македонската Армија

Редакција