еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

9-годишното дете кое падна од шести кат во Кисела Вода со повреди на повеќе органи и во стабилна состојба

Детето кое завчера падна од шести кат од зграда во скопска Кисела Вода е со повреди на повеќе органи и е во стабилна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетникот има 9 години: Познат идентитетот на жената која почина по пад од зграда во Кисела Вода

Тоа е сместено на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во Скопје, е надвор од животна опасност и е под постојана опсервација.

Д-р Лазо Јовчески, в.д. директорот на Клиниката, за телевизијата Телма вели дека детето има повреди и скршеници на повеќе системи и органи, почнувајќи од главата, рамото, повреди на белите дробови, фрактури на ребрата и карлицата.

Дише самостојно, со кислородна поддршка и засега нема индикации дека е потребен оперативен зафат.

Засега не е познато што всушност се случило и како дошло до несреќата. Познато е дека 69-годишната жена која почина при падот е баба на детето и дека неговите родители не биле дома кога се случила несреќата.

Медиумите објавија дека прво на тревникот пред зградата паднало детето, а потоа на ограда пред зградата и неговата баба.

Нема официјална потврда за овие информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена почина по пад од зграда во Кисела Вода, малолетник заврши во болница со тешки повреди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Израелскиот центар „Симон Визентал” со подршка на предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за забрана на клубови кои во Македонија промовираат нацизам или фашизам

Редакција

Почина уште еден пациент заболен од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 90

Редакција

(Фото) Бугарска фондација купи 2/3 од куќата на писателот Талев во Прилеп

Редакција